Маркетинг Менаџер (Retail)

ONLINE BETTING & GAMBLING
Skopje
Full time
20.08.2024.




Назив на позицијата: Маркетинг Менаџер (Retail)

Локација: Скопје

Макс Бет Групацијата веќе 30 години приредува игри на среќа во Србија и регионот. Од оваа година станавме дел од Flutter International, глобален лидер во областа на спортското обложување, игри и забава. На нашите играчи им пружаме врвно искуство на преку 300 локации во Србија, Босна, Црна Гора и Македонија. Човекот е нашиот двигател. Затоа што нашите вработени ја споделуваат нашата мисија, тие се нашата најголема вредност. Поради ширење на нашата компанија, имаме потреба од одговорни и исклучителни луѓе за позицијата: Retail Маркетинг Менаџер

За позицијата:

Како Маркетинг Менаџер (Retail), ќе учествувате во предлагање, подготовка и имплементација на промотивни активности кои помагаат да се развие и зајакне брендот на компанијата, да се обезбеди поддршка во промовирање на производи, услуги и постигнување деловни цели. Ќе бидете во постојана комуникација со реонските и регионалните менаџери, со агенции, медиумски партнери и со организации со кои компанијата соработува.


Requirements

Клучни одговорности:

Управување со следните (landbasе) активности: креирање на маркетинг планови за промотивни активности во комуникација со регионалните и реонските менаџери, следење на плановите и реализација на активностите, подготовка на POS материјали со тимот за дизајн, дистрибуција на локации, одржување, следење и проверка на состојбата на промотивни материјали, акции и активности.

Ги следи и анализира резултатите од сите промоции и известува за истите.

Промотивни активности: Управување и надзор на односите со надворешни агенции (за креатива и продукција), партнерски компании и добавувачи со цел спроведување на активности кои се усогласени со стратегијата и целите на брендот, организација на настани - отворање на локали, промоции и други настани врз основа на маркетинг план. Обука и следење на работата на ангажираните надворешни соработници (супервизори, хостеси) во спроведувањето на договорените активности.

Спонзорства: Комуникација со клубови, турнири и организации на ниво на локални заедници и следење и спроведување на активности поврзани со договорените спонзорства. Идентификација на потенцијални партнери, преговарање за условите поврзани со нови спонзорства и одржување на односите со постоечките партнери, се со цел зајакнување на присуството на Брендот.

Мултифункционална соработка: Соработка со интерните тимови (финансии, online, операции, HR, VIP online итн.); создавање содржина во соработка со дизајнерот, и social и online тимовите.     
Работа на терен: посета на локалите и предлагање активности за подобрување на работата во договор со менаџерите за продажба и директорот на операции.

Анализа на пазарот: истражување и анализа на активностите на конкурентите. Следење на позицијата на брендот во однос на конкуренцијата и предлози за подобрување и зајакнување на присуството на брендот и нови промотивни активности за локалите.

Следење на перформансите: Помага при собирање и анализа на податоци за перформансите на кампањата и продажбата. 

Комуникација и поддршка: Обезбедува поддршка за повисокото ниво на менаџери, комуницира со тимот и трговските партнери и ги решава основните прашања и предизвици.

Административни задачи: Управување со административни задачи како што се креирање извештаи, ажурирање бази на податоци и организирање состаноци.

Известува до: Сениор маркетинг менаџер

Директни извештаи: 2 (Директор за операции/Сениор маркетинг менаџер) 


Потребни квалификации:

• Диплома од областа на општествените науки ќе се смета за предност

• Докажано искуство (минимум 1 година) во маркетинг, со фокус на успешен развој и имплементација на стратегии и кампањи на брендот.

• Активен возач.

• Силни вештини за тимска работа, со способност да ги инспирира и мотивира тимовите за постигнување на заедничките цели.

• Одлични комуникациски и презентациски вештини, вештини за управување со проекти.

• Познавање на трендовите во индустријата и однесувањето на потрошувачите.





Benefits

Со нас добивате:

• Тим кој расте, се развива и учи заедно

• Работа во динамична средина

• Можност за напредување



Mislite da ste pravi izbor za ovu poziciju?